327 денови
Групно патување
35 особи
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
Напомена:
За реализација на ова патување потребен е минимум од 35 патници.
Патувањето ќе биде реализирано според сите протоколи на СЗО и со 75% исполнетост на автобусот
Редоследот на седењето во автобусот се прави според датумот на резервацијата.
За резервација на патувањето потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
Агенцијата го задржува правото за откажување на патувањето најмногу 3 дена пред поаѓање.
Состанок на групата пред Дрводекор во утринските часови поаѓање за манастирот Свети Јован Бигорски, на 2 км. од селото Ростуше, дебарско, на надморска височина од 740 метри. Манастирот е положен во варовните карпи на кањонската долина на реката Радика, во бујните шуми на северозападните падини на планината Бистра. Можност да се видат сите убавини на Бигорска Обител со своите импозантни конаци, возвишени кули, живописни чардаци и традиционални одаи, прекрасни споменици на византиската архитектура. Разглед на непроценливите блага на Бигорскиот манастир: прекрасниот иконостас, врвно дело на мијачките копаничари, прочуените Петре Филиповски – Гарката од с. Гари, со својата тајфа и Макариј Фрчковски од Галичник, кои, по својата вештина на обработка на дрвото, останале ненадминати и до ден денес; чудотворната икона на Свети Јован Крстител, која уште од самиот почеток до денес не престанала да чудотвори, светите мошти, кои се наоѓаат во наосот на големиот кивот и други.
Од Бигорскио манастир се упатуване кон подножјето на прекрасната Шар Планина, каде е распослано селото Вруток. Името на селото Вруток значи врело, извор (силен карстен извор), додека самото име потекнува од карсниот извор Вруток на најдолгата река во Република Македонија – реката Вардар. Изворот, кој се наоѓа на 683 м.н.в., е еден од поголемите извори во државата, а водата од изворот е толку ладна што не може долго време да се држи во рака.
На почетокот на селото се наоѓа средновековниот манастир Св. Мина, во кој имало монашки живот. Жителите раскажуваат дека и ден-денес тука доаѓаат и христијански и муслимански верници кои имаат некаква мака или здравствен проблем. Во селото се наоѓа и главната селска црква Св. Архангел Михаил, селската џамија, Бектешиско теќе и Шелериско теќе. Од археолошките пронајдоци е откриена средновековна населба Селиште, средновековна некропола Бигор и средновековна црква и некропола Лазови.
Денес има неколку рибници и рибји ресторани во кои без исклучок се служи вруточка пастрмка, како и специфични традиционални јадења за полошкиот крај.
Во селото Вруток се спојуваат минатото и традицијата, прекрасната храна и бројните специјалитети, неверојатната природа, изворот на реката Вардар и чистата вода, архитектурата, рибниците но и гостопримството на населението, спој во кој ќе можете да уживате и да го почувствувате.
Во попладневните часови заминување кон Скопје.
Copyright © 2022 All Rights Reserved. Powererd by Develephant