4 денови
Group Tour
40 особи
Цена на аранжманот : 189 € (11.718,00 мкд)
Во цената е вклучено:
- Превоз со автобус на наведената релација
- 3 ноќевања со појадок во хотел ***
- Панорамски разглед на градот со локален водич
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената не е вклучено:
- Туристичка такса 1,5 € по лице од ден
- Факултативна свечена вечера во национален ресторан
- Влезници за музеите и културно-историските споменици
- Организиран разглед на островот Егина и поклонение на моштите на Свети Нектариј Егински, Св. Екатерина Синајска ..... 35€ (за реализација потребен број на патници 35 )
- Организиран разглед на Пелопонез и Арголида – 35 € ( за реализација потребен број на патници 35)
- Патничко здравствено осигурување
- доплата за еднокреветна соба 80 €
- За реализација на програмата потребно е минимум 40 патници.
- Организаторот го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена пред реализација доколку не се пополни бројот.
- За реализација на факултатитвните разгледи, потребно е минимум 35 патници ( доколку има помалку пријавено организаторот може во договор со групата да направи корекција на цената или да ја откаже факултативата)
НАПОМЕНА ЗА РАСПОРЕД ЗА СЕДИШТЕ ВО АВТОБУС
Со потпишување на договорот за патување, патнкиот го прифаќа местото в о автобус кое ќе му го додели агенцијата, земајќи го во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата на 20 евра при уплата на аранжманот.
Состанок на групата во 20:30 часот. Поаѓање кон Грција во 21:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица - Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака... Сместување во хотел. Слободно попладне можност за индивидуални прошетки и активности... Ноќевање.
Појадок. Факултативен излет до островот Егина и посета на Манастирот Нектариј Егински. Испловување со траект кон островото Егина во Сароничкиот залив. На 1 час и 15 мин од Пиреа, островот Егина со неговата богата историја, пристанишниот град од 19ти век, како што го нарекуваат: ОСТРОВ НА Ф’СТАЦИ . Посета на манастирот посветен на Свети Нектарие Егински. Разглед на целиот манастирски комплекс , како и чудотворната икона на Пресвета Богородица, посета на црквата Св. Екатерина Синајска со чудотворната икона на Св. Спиридон ... Враќање во Атина можност за факултативна вечера во таверна на Плака, со богата уметничка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.
Појадок. Факултативен излет на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна. Враќање во Атина можност за индивидуално присуство на Новогодишната прослава на Атинскиот плоштад “Синтагма„ или пак факултативно - на Новогодишна вечера во таверна на Плака, со богата уметничка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.
Појадок. Заминување од хотелот . Заминување кон Македонија. Ноќно возење со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје.
Copyright © 2022 All Rights Reserved. Powererd by Develephant