Картичка на лојалност

Арботравел Loyalty Card

Што преставува Арботравел Loyalty Card?

Секогаш поаѓајќи од интересот на своите странки, Туристичката агенција Арботравел Ви нуди мотив за дополнително стимулирање на вашиот интерес, како и на сопственото возвраќање со благодарност за вашата лојалност за искажаниот интерес кон нашите услуги.

Со самото добивање на картичката секој член добива можност како потенцијален корисник, да ги добие сите објавени попусти во програмата на Арботравел. Освен нив, тој се стекнува со право и за низа дополнителни или посебни попусти, кои ќе се однесуваат само за членовите на Арботравел Лојалити картичката.


Како да станете член на Арботравел Loyalty Card?

Арботравел лојалити картичка, доброволно може да добие секој полнолетен граѓанин, државјанин на Република Македонија или странец, кој воедно бил или ќе биде корисник на туристичките аранжмани и услуги на агенцијата Арботравел…

Зачленувањето во Арбо лојалити кард е индивидуално и истото не е преносливо на трети лица. При зачленувањето, странката е должна да пополни Пристапница за членство, со точно наведување на сите лични податоци потребни за понатамошно функционирање. Личните податоци на членките на клубот, како и на сите останати странки, се деловна тајна на агенцијата Арботравел и истите се заштитени од секаква злоупотреба.

Зачленувањето во клубот е еднократно, но за истото е предвидена годишна чланарина која изнесува 300,00 МКД. Едногодишната чланарина во клубот, подразбира период од дванаесет месеци, или поточно од датумот и месецот на зачленувањето, до последниот ден од истоимениот месец во наредната година. Пред истекот на чланарината, доколку сака да го продолжи членството, членот на клубот е обврзан да ја уплати потребната чланарина за наредната година. Доколку чланарината не е уплатена, членството во клубот ќе биде “неактивно”, а со тоа и сите бенефиции и попусти кои произлегуваат од истото.

img
icon

Добијте ги последните новости и понуди

Претплатете се на нашиот билтен