Србија — држава на Балканскиот полуостров и во Средна Европа, опфаќајќи го јужниот дел од Панонската Низина и централниот Балкан и лежејќи меѓу истоимениот масив и Карпатите на исток, Динарските Планини на запад, и долината на Морава. Србија се граничи со Унгарија на север, Романија на североисток, Бугарија на исток, Северна Македонија на југ, Албанија на југозапад, а на запад со Хрватска и Босна и Херцеговина. Нејзин главен град е Белград, кој е еден од најстарите и најголемите градови во Југоисточна Европа.