4 денови
Групно патување
45 особи
СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА
ЕСЕНСКИ ПАТУВАЊА СО АРБОТРАВЕЛ ЗА 23 -ТИ ОКТОМВРИ ПАТУВАЈ УЖИВАЈ И СПОДЕЛУВАЈ ,
РОМАНИЈА ЈАШИ СВ.ПЕТКА БЛАГОСЛОВЕНО ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ, СМЕСТЕНИ
ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ ЈАШИ НА ПЕТ МИНУТИ ОД ХРАМОТ НА МОШТИТЕ НА СВЕТА ПЕТКА И ВО ЦЕНТАРОТ НА БУКУРЕШТ 21-25/10/2026
ЦЕНА: 15.500 ден. (250 € )
ПОЧИТУВАНИ, АРБОТРАВЕЛ ПО БАРАЊЕ НА НАШИТЕ ПАТНИЦИ ПОВТОРНО ОРГАНИЗИРА ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ ВО ЈАШИ И БУКУРЕШТ РОМАНИЈА ОД 21-25/10/2026
Букурешт градот кој оправдано го нарекуваат „Мал Париз на Истокот“ и Јаши „Градот со над 100 цркви“
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
15.500 ден.( 250 €)
Можност за плаќање на рати
Аранжманот вклучува:
-Превоз со туристички автобус и придружник за време на патувањето
-Две ноќевања со појадок во хотел Молдова 3* во центарот на Јаши во близина на Соборниот храм посветен на Света Петка
-Едно ноќевање со појадок во центарот на Букурешт хотел Ибис 4*
-Посета на Митрополијата во Букурешт, Црквата на Св,Кипријан и Јустина, Црквата Ставропулос , индивидуална Посета на најголемиот православен храм во светот Христово Вознесение.
-Организација и водство на патувањето
Во цената не е вклучено:
-Патничко осигурување
-18 € туристичка такса за целиот престој
-факултативна посета со локален водич на Манастирот Сихастрија и Њамц 30 еур. потребно за реализација минимум 30 патника
* 21/10 Прв ден:
Состанок на групата кај хотел Континентал во Скопје во 18:40 и поаѓање за Романија, патот не води преку Куманово, Крива Паланка граничен премин Деве Баир, Софија, Русе влегуваме во Романија и се упатуваме кон Јаши.
* 22/10 Втор ден:
Пристигање во Јаши на ручек околу 13:30-14:30 часот, сместување во хотел Молдова 3* во центарот на Јаши во близина на црквата Свети Никола, време за одмор.Во однапред договорено време се наоѓаме во фоајето на хотел со нашиот локален водич и се упатуваме кон Соборниот храм кај што се наоѓаат моштите на Св.Петка поклонение и следење вечерни молитви, доколку има можност посета на храмот на Трите Јерерси и храмот на Свети Сава Осветен.
Враќање во хотел, време за индивидуална прошетка на Јаши.Ноќевање.
* 23/10 Трет ден:
Рано наутро посета на храмот на Света Петка присуство на Света литургија, причест.
Појадок во хотелот.
Доколку има доволен број на пријавени патници може факултативно да го посетиме Манастирот Њамц Романска Света Гора лавра на цркви и мошти на многу светители, посета на Црната црква и потоа се упатуваме кон Манастирот Сихастрија на поклонение кај Светец Клеопа и Пајсие.
Враќање во Јаши, слободно време за индивидуални прошетки во Јаши. Ноќевање
* 24/10 Четврти ден
Појадок и поаѓање кон Букурешт или како го нарекуваат Мал Париз главниот град на Романија, пристигање околу 14-15 часот, сместување во хотел Ибис 4* во Центарот на Букурешт, потоа следи пешачка тура со посета на црквата Златарица кај што се наоѓаат моштите на Свети Кипријан и Јустина, чудотворна икона на Мајка Богородица, потоа се упатуваме кон црквата Ставропулос стариот град на Букурешт кој наликува на нашата чаршија со калдрмести улички и околу многу ресторани. Посета на Митрополијата кај што се наоѓаат моштите на Димитриј Басарабов романски Светител, мошти од Цар Костантин и Царица Елена и тука има мошти од Свети Нектарије Егински.Враќање во хотел ноќевање. Има можност за индивидуална прошетка на Букурешт.
* 25/10 Пети ден:
Појадок во хотелот, можност индивидуално да се посети најголемиот Православен храм Христово Вознесение во светот, кој се наоѓа во близина на Парламентот во Букурешт.
Во 11:00 напуштање на хотелот сместување во автобус и поаѓање кон Македонија. Пристигање во вечерните часови во Скопје 22:30-23:30 во Скопје.
Напомена: За реализација на оваа програма потребни се минимум 40 патници
Агенцијата има право за промена на програмата во однос на моменталната состојба на движење доколку има застој на сообраќајот или подолг временски период задржување на граница на работното време при возењето.
Напомена:
- При посета на црквите, мастирите и верските објекти, согласно христијанските и црковните канони (начин на облекување и однесување во нив), од верниците се очекува придржување до нив. Во манастирите жените влегуваат со долго здолниште, а мажите со долги пантолони, а горната облека треба да е со ракави.
За ова патување важат условите на ТА Арботравел.
За дополнителни информаци ве очекуваме на
02/3109-518;070/570-844 ; 072/212138 како и на
arbo@t.mk
Copyright © 2022 All Rights Reserved. Powererd by Develephant