2 денови
Group tour
45 особи
НАЈНОВА ПОНУДА
ПОСЕТА НА КРФ СО АРБОТРАВЕЛ
15-17/11/2024
Посета на островот Крф, уникатниот музеј на отворено и храмот на заштитникот на островот Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримитунтски. Разбудена медитеранска природа, мешавина од бои, мириси и вкусови, тиркизно сино море, чувство на блаженство и возвишеност...
ПРОГРАМА ЗА ПАТУВАЊЕТО
1 Ден (15/11 - Петок)
Состанок на групата на 15/11
во 17:30 часот. Поаѓање за Грција во 17:45 часот. Ноќно возење со попатни паузи за царински формалности и одмор.
2 Ден 16/11 - Сабота)
Пристигнување на пристаништето Игуменица во раните утрински часови. Превоз со траект до островот Крф. Штом пристигнеме на Крф, се упатуваме кон храмот посветен на Свети Спиридон, каде во сребрен кивот почиваат неговите чудотворни мошти. Поклонение на моштите на светецот, присуство на Богослужба и време посветено на молитва во храмот.Посета на Света ТЕОДОРА .
Слободно време за индивидуелна прошетка во градот и освежување. Во договорено време ( попладневните часови) состанок на групата на пристаништето и превоз со треаект до Игуменица.
Патување со попатни паузи и пристигнување во Скопје во раните утрински часови.
Цена на аранжманот: 45 еур (2790 мкд)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Превоз со туристички автобус на наведената релација
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Превоз со траект на релација: Игуменица-Крф-Игуменица
(моментална цена 15 еур - плаќање во автобус)
• Патничко осигурување
• Останати лични трошоци
НАПОМЕНА:
• Плаќањето е во денарска противредност (1 Еур=62 мкд)
• Уплата на 30 % депозит при пријавување
• Остатокот од сумата да се уплати најдоцна 7 дена пред поаѓање
• Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 3 дена пред поаѓање, доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување, или за корекција на цена во случај на помал број на пријавени патници од наведениот минимум.
За реализација на аранжманот потребно е минимум од 40 патници.
За овој аранжман важат општите услови за патување на туристичката агенција АРБОТРАВЕЛ
Тел.за контакт 070570844; 072212134; 023109518
За реализација на оваа програма потребно е минимум 40 патника, и важат условите за патување на ТА Арботравел.
НАПОМЕНА ЗА РАСПОРЕД ЗА СЕДИШТЕ ВО АВТОБУС
Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата, земајќи го во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата на 20 евра при уплата на аранжманот.
Copyright © 2022 All Rights Reserved. Powererd by Develephant