1 денови
Групно патување
35 особи
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
Напомена:
За реализација на ова патување потребен е минимум од 33 патници.
Патувањето ќе биде реализирано според сите протоколи на СЗО и со 75% исполнетост на автобусот
Редоследот на седењето во автобусот се прави според датумот на резервацијата.
За резервација на патувањето потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
Агенцијата го задржува правото за откажување на патувањето најмногу 3 дена пред поаѓање.
Состанок на групата пред Т.А. Арботравел во утринските часови и заминување кон подножјето на планинскиот масив Даутица, каде на 34 километри северозападно од Прилеп, на 1000 метри надморска височина, врз бигорна карпа сместен е еден од најубавите македонски манастири – Зрзе, духовно светилиште кое плени со својата архитектонска убавина, местоположба, со гостопримството на монашкото братство
Во IX век, карпата прв пат ја населуваат монаси. Во XIV век од монахот по име Герман била започната изградбата на манастирот Свето Преображение-Зрзе кој бил изграден за време на владеењето на цар Душан. За ова и за подоцнежната судбина на манастирот од неговото настанување и во годините на продирањето на турскиот аскер на овие простори, сведочи натписот, поместен на надворешниот ѕид на јужниот влез од црквата. Манастирскиот комплекс го чинат храмот посветен на Светото Преображение, храмот Свети Петар и Павле (изграден подоцна во XVII век), кулата на камбанаријата, монашките конаци, економски и други помошни згради. Митрополитот пелагониски Јован и неговиот брат зрзејскиот перамохан Макари ги творат најзначајните деловите на зрзејската иконописна школа. Во почетокот на XXI век Зрзе по трет пат станува епископско седиште, овој пат на епископот Климент Хераклиски.
После посетата и прошетката околу манастирот, освен од чистиот воздух и духовно освежени, се упатуваме кон Прилеп, градот на “жолтото злато”.
Посета на спомен паркот на Револуцијата во Прилеп изграден е 1961 година во чест на загинатите борци од НОВ, составен од: Алеја на народните херои со бисти од десетте загинати херои, Цветна алеја, патека која води до Заедничка гробница – крипта. Во едниот дел се подигнати мермерни урни, слични на античките.
Продолжуваме кон на центарот на Прилеп. Слободно време за освежување и разгледување на центарот, каде во една урбанистичка целина се претопуваат Старата чаршија која што својот најголем подем го има во втората половина на XVIII и почетокот на XIX век, кога Прилеп бил развиен трговски и занаетчиски центар, Саат кулатаизградена во 1858 година од познатиот прилепски мајстор Петре Лауцо со неговата тајфа, и Чарши џамијата, изградена за време на владеењето на султанот Мехмед Втори Освојувач. На само петстотина метри од Старата чаршија, се наоѓа еден од бројните споменици на културата од периодот на преродбата во првата половина на 19 век, црквата Свето Благовештение, или позната како Стара црква во Прилеп, чија најголема вредност во ентериерот е резбата, изработена од најдобрите и најпрочуени копаничари од дебарскиот крај, тајфата на Петре Филипоски – Гарката. Изграден е монументален иконостас, владички престол и амвон (певница), кои претставуваат врвни дела од културното богатство на Македонија.
Според расположивото време, можност за разглед на Манастирскиот комплекс Свети Архангел Михаил, вграден како орловско гнездо меѓу карпите на југозападната страна на Марковите Кули.
Во попладневните часови заминување кон Скопје.
Copyright © 2022 All Rights Reserved. Powererd by Develephant