3 денови
Group tour
40 особи
НАЈНОВО
ПОСЕТА НА КЕФАЛОНИЈА
13-16/08/2024
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО
1 ДЕН (13/08) – Состанок на групата во вечерните часови пред Дрводекор и поаѓање за Грција. Ноќно возење со кратки попатни паузи за царински формалности и освежување.
2 ДЕН (14/08)– Пристигнување во Патра во утринските часови. Посета на катедралната црква, посветена на Свети Андреј првоповикан, која е една од најголемите цркви во Грција и има најголема купола на Балканот. Во црквата се наоѓаат моштите на Светиот апостол Андреј, заштитникот на Патра и крстот на кој бил распнат светителот. Поклонение и целивање на моштите и на крстот. Во близина на црквата се наоѓа изворот на Свети Андреј од кој се излева света вода. Од таму продолжуваме кон црквата посветена на Света Варвара, изградена во византиски стил, богата со вредни икони и прекрасен фрескопис.
Потоа сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуaлни активности. Ноќевање.
3 ДЕН (15/08)– Во раните утрински часови напуштање на хотелот и заминување кон пристаништето Килини, од каде со траект заминуваме кон Кефалонија. Кефалонија е прекрасен зелен остров, кој изобилува со природни убавини, лековити билки и свети цркви. Домаќин на островот е Пресвета Богородица - Панагија Фидуса, односно нејзината чудотворна икона во манастирот посветен на Успение на Пресвета Богородица во селото Маркопуло. На оваа икона на Пресветата Богородица, се поклонува сето Божјо создание, целата природа, па дури и таканаречените Богородични змии. Овие змии со кожа која наликува на кадифе, имаат крст на главата и крст на јазикот, се јавуваат во периодот од Преображение Господово до празникот Успение на Пресвета Богородица.
Потоа продолжуваме кон манастирот посветен на Свети Герасим Кефалониски со посета на манастирскиот комплекс. Поклонение на светите и чудотворни мошти на Светиот Герасим Кефалониски, светител кој живеел во 16 век. Како и Свети Спиридон, неговите свети мошти се изнесуваат на литија во поворки на два големи празници, и се носат низ улиците на градот. Краток одмор, по кој присуствуваме на сеноќното бдение во манастирот. По бдението, одмор на отворено во манастирскиот комплекс.
4 ДЕН (16/08) – Во раните утрински часови го напуштаме манастирот и се упатуваме кон пристаништето. Заминување со траект во Килини, а од таму преку Патра, продолжуваме кон Скопје. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 7.750 МКД
Аранжманот вклучува:
• Превоз со туристички автобус и придружник за време на патувањето
• Превоз со траект и пристанишна такса
• Едно ноќевање во хотел во Патра во двокреветни и трокреветни соби
• Едно ноќевање на отворено во манастирот во Кефалонија
• Организација и водство на патувањето
Во цената не е вклучено:
• Патничко осигурување
• Локален туристички водич: 10 евра
- Туристичка такса за престој 3 евра
• Останати лични трошоци
За реализација на аранжманот потребно е минимум од 35 патника.
За овој аранжман важат општите услови за патување на туристичката агенција АРБОТРАВЕЛ.
НАПОМЕНА
• Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
• Агенцијата нема одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот влез во друга земја.
• Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
• Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упатствата и напомените, организаторот на патувањето нема одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сноси патникот.
• Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
• Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар, промена на цената цената на горивото или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
• Агенцијата го задржува правото за промена на реализација на програмата во зависност од други објективни околности (временски прилики, задржувања на гранични премини од страна на царинските служби, ограничувања врзани за работно време на одредени објекти, застои на автопат).
070570844; 072212138; 3109518
Copyright © 2022 All Rights Reserved. Powererd by Develephant