3 денови
GROUP
40 особи
ЕСЕНСКИ ПАТУВАЊА
ТИНОС И АНДРОС 02-05/10/2026 СО АРБОТРАВЕЛ
ТИНОС - ГРЧКИ ЕРУСАЛИМ ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА БЛАГОВЕШТЕНИЕ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА АРБОТРАВЕЛ.
И ПОВТОРНО СО НАС НАТАЛИЈА КОВАЧЕВИЌ
Прв ден 02/10/2026 СКОПЈЕ - РАФИНА
Состанок на групата во 17:30 часот на договорено место во Скопје и заминување за Грција.Патот за Грција не води преку граничниот премин Евзони.Ноќно возење со попатни застанувања за одмор.
Втор ден 03/10/2026 РАФИНА - ТИНОС
Во утринските часови пристигнување на пристаништето Рафина. Испловување со траект кон островот ТИНОС (3,5 часа возење ). По пристигнувањето во пристаништето во градот Хорхе посета на најзначајниот манастир во цела Грција црквата посветена на Пресвета Богородица.
Поклонение на чудотворната икона посветена на Благовештението на Пресвета Богородица, која се наоѓа во црквата Богородица на Тинос, во манастирот “Агиа Панагиа Евангелистриа”. Манастирската црква е изградена на блиското ридче, на околу седумстотини метри оддалеченост од пристаништето и центарот на градот. До неа се пристигнува преку широката и стрмна улица, покрај која од десната страна е издвоена и соодветна патека. По таа патека најчесто, голем дел од верниците на колена се искачуваат кон самата црква и светата икона. Посета на целиот манастир читање на молитва и молебен на Богородица, слободно време на островот, потоа со траект продолжуваме кон островот АНДРОС ( два часа возење).
По пристигнувањето на АНДРОС се упатуваме кон хотелот сместување, слободно време за индивидуална прошетка на градот, ноќевање.
Трет ден 04/10/2026 АНДРОС -РАФИНА
Присуство на Света Литургија во манастирот на Света Марина , кој е подготвен може да се причести. Потоа се упатуваме кон манастирот на Свети Никола кај што се чува миротичивата икона на Пресвета Богородица - цвет кој никогаш не вене и мошти од многу светители ( главата на Свети Никола Мириклијски, Св.Маме,Св.Андреј, Св.Партениј, Св.Козма етолски, Св.Никола нови, икона на Св. Никола извезена со коса од монахиња.
Слободно време за индивидуални активности до попладневните часови до заминување со траект кон пристаништето РАФИНА и од таму патот продолжува кон Македонија со попатни паузи за одмор и гранични формалности .
Четврт ден 05/10/ 2026 пристигнување во Скопје во раните утрински часови
Цена на аранжманот: 11.780 ден. (190€)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
Превоз со туристички автобус на наведената релација
Превоз со траект со вклучена пристанишна такса на релација: Рафина - Тинос - Андрос - Рафина
Организирани посети според програмата.
Туристички придружник за време на патувањето
Организација и реализација на патувањето
Во цената не е вклучено:
Патничко осигурување
5€ туристичка такса се плаќа во автобус
Хотелско сместување 25€ се плаќа во автобус
Локален туристички водич 10€ се плаќа во автобус
Индивидуални трошоци
За реализација на оваа програма потребни се минимум 40 патници.
НАПОМЕНА
• Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
• Агенцијата нема одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот влез во друга земја.
• Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
• Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упатствата и напомените, организаторот на патувањето нема одговорност, туку целокупниот износ на штетата го сноси патникот.
• Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
• Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар, промена на цената на горивото или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја корегира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
• Агенцијата го задржува правото за промена на реализација на програмата во зависност од други објективни околности (временски прилики, задржувања на гранични премини од страна на царинските служби, ограничувања врзани за работно време на одредени објекти, застои на автопат).
ТЕЛ ЗА КОНТАКТ: 070 570844; 072 212138; 023109518
Copyright © 2022 All Rights Reserved. Powererd by Develephant