Острог - Поклоничко патување

Манастир Острог

Црна Гора
Времетраење

2 денови

Тип на тура

Групно патување

Група

40 особи

img
img
img
img
img
img

Опис

Цена на аранжманот: 1.800 мкд (со автобус) со посета на Будва


Во цената е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус )
  • Ноќевање во Горниот конак
  • Посета на Будва
  • Придружник за време на патувањето

Во цената не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Ноќевање во Долниот конак - (се плаќа во конакот)
  • Превоз (по избор) со локален минибус од Долниот до Горниот Манастир по цена од 1 еур за лице во правец
  • Туристичка такса во Црна Гора -1 еур


Дополнителни информации:

  • Потребно е да се понесе храна за време на патувањето
  • Можност за ручек во ресторан во близина на Долниот манастир


Во манастирот се влегува пристојно облечен: мажите во долги панталони, блузи или кошули со ракави, а жените би требало да бидат облечени во здолниште (сукња) со пристојни блузи со ракави и по можност да имаат марама на главата.


За реализација на ова патување потребно е минимум 40 патника.

За ова патување важат општите услови за патување на туристичката агенција АРБОТРАВЕЛ. 

Агенда

1 ден

Состанок со групата во 20:45 часот. Заминување кон Црна Гoра во 21:00 часот (ноќно возење). Се патува преку Косово, Албанија, Црна Гора со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден

Пристигнувањето во манастирот Свети Василиј Острошки и сместување по желба на патниците во Горниот или Долниот конак. Факултативен разглед на околината каде се наоѓа манастирот посветен на Св. Троица и црквата посветена на Светиот маченик Станко, овчар од селото Подвраќе кај Даниловград, на кого му се пресечени рацете и е погубен од Турците во 1712 година. По желба искачување пешки или со локален минибус до Горниот Манастир. Поклонение на моштите на Светителот. Вечерната служба почнува во 17 часот. Посетителите кои ноќеваат во Долниот конак, до 21-22 часот потребно е да се сместат во собите во конакот каде ќе преноќат.

3 ден

Заминување кон Будва. Слободно време за индивидуални активности. Поаѓање кон Скопје. Патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Детали

Датум на поаѓање

6 October, 2023

Датум на враќање

8 October, 2023

Информации

Православниот манастир Острог спаѓа меѓу најпосетените светилишта на Балканот. Кога ќе се спомене Острог, веднаш се помислува на место на кое се случуваат чуда. Во него доаѓаат посетители од сите религии и нации, бидејќи се верува дека моштите на Свети Василиј Острошки се чудотворни. Манастирот Острог, кој е врежан во карпите, основан е од митрополитот Василиј во XVII век. Највпечатлив дел од манастирот е Горен Острог, каде се сместени две мали цркви: горна – посветена на Светиот Крст, и втората, посветена на Воведение на Богородица. Сместување во Горниот Манастир во повеќекреветни простории со кревети на спрат, на чардак или во манастирскиот двор. Во манастирот се добива душек и ќебиња. Или можност за сместување во Долeн Манастир, кој поседува 29 повеќе креветни соби (8, 10 кревети во соба).

Цена

30.00 € / по особа

icon

Добијте ги последните новости и понуди

Претплатете се на нашиот билтен

Побарај понуда

Одбери особи

Возрасни

12+

1
Деца

2 - 12 години

0
Бебиња

Под 2 години

0

Ви благодариме на барањето за понуда од нас

Нашиот тим го доби вашето барање, ќе ве контактираме наскоро