Лето 2026 ШПАНИЈА МАЈОРКА

МАЈОРКА

ШПАНИЈА
Времетраење

17 денови

Тип на тура

Групно патување

Група

40 особи

img
img
img
img
img
img

Опис

Познати плажи на Мајорка:

 Playa de Palma – Популарна и една од најдолгите плажи на островот, која нуди прекрасен поглед на планините и чисто тиркизно море.

Palma Nova – Плажа со ситен песок и многу туристички активности, одлична за семејства и млади луѓе.

Illetas – Позната како „шпански Монте Карло“, оваа плажа е местото за љубителите на луксуз и приватност.

Alcudia – Плажа со мирна атмосфера, позната по својата долга песочна плажа и кристално чисто море.

Cala d'Or – Живописна плажа со неколку малки заливи и тиркизно море, одлична за љубителите на спокојството.

Magaluf – Плажа со активен ноќен живот и бројни барови, совршена за забавен одмор.

 

Познати атракции на Мајорка:

Palma de Mallorca – Главниот град на островот, познат по својата историска архитектура, како што е La Seu Cathedral, која се смета за еден од најголемите примери на готичката архитектура во Шпанија.

Almudaina Palace – Историски дворец со прекрасен поглед на морето и Палма де Мајорка.

Golf Club Majorca – Островот нуди и неколку одлични голф терени за љубителите на овој спорт.

Шпански дворци и манастири – Како што се манастирот La Vila и Sant Bartomeu Monastery кои го покажуваат богатото културно наследство на островот.

Albufera Nature Park – Најголемиот природен парк на островот, совршен за љубителите на природата и птиците.

Cuevas del Drach – Спектакуларни пештери во близина на Порто Кристо, каде што можете да разгледате впечатливи подземни формации и да уживате во подземни концерти на пијано.

 

Мајорка е остров кој нуди нешто за секого, од прекрасни плажи и природни убавини до историски и културни атракции.

Ви претставуваме комбинација од 8-дневен пакет аранжман во хотел на Палма де Мајорка ,по избор на ресорт кој Вие ке одлучите , а се наша препорака (доколку сакате друг хотел , ве молам контактирајте со нас ) .

*** Цените може да варират според моменталната расположливост не места во хотелот***

Цените се ограничени и важат до пополнување на капацитетот

Напомена:

Пакет аранжманите се за 7/8/10 ноќи – местата се ограничени, а местата во авионот се загарантирани , за термин 3 е на барање. Датумот на поаѓање е фиксeн, со групно тргнување од Скопје. За понуди за повеќе ноќи, ве молиме обратете се во агенцијата 072-263-121.

Цената на аранжманот вклучува:

Авионски билет Скопје-Мајорка-Скопје (со 1 преседнување), вклучувајќи аеродромски такси и рачен багаж до 8 кг.

Трансфери: аеродром – хотел – аеродром

7/8ноќевања во хотел избран според ценовникот.

Повратен трансфер.

Цената на аранжманот не вклучува:

Дополнителни екскурзии.

Лични трошоци.

Туристичка такса (се плаќа директно во хотел).

Доплата за багаж: 90 евра за 1 куфер од 23 кг.

Патничко осигурување.

 

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

Пакети 8/10 ноќи – промоција: депозит 50 € / 3.100 МКД по лице при резервација (важи до 1.03.2026)

Доплата: 30% од пакетот, најдоцна до 29.03.2026

Пакети 7 ноќи или резервации по промоцијата – депозит 30% од пакетот

Целосна уплата: најдоцна 35 дена пред патување

 

Отказни рокови:

Услови за резервација:

РОКОВИ ЗА ОТКАЗ :

До 28.03.2026 – се задржува депозитот од 50 € / 3.100 МКД (само за промо пакетите 8/10 ноќи)

Од 29.03.2026 – се задржува 30% од пакетот

Помалку од 35 дена пред патување или no-show – 100% од пакетот

 

Белешки:

• Организаторот на патувањето го задржува правото да ја измени програмата во случај на непредвидени околности.

• Агенцијата не е одговорна за неточни пасошки податоци или недостиг од потребни визи, како и за одбивање на виза од страна на дипломатско-конзуларните претставништва или имиграцискиот оддел на странската држава.

• За ова патување, пасошот мора да биде валиден уште најмалку шест месеци по датумот на враќање.

ETIAS – Европска пред-патничка дозвола:

·       Од крајот на 2026, граѓаните на Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и уште 50+ земји (вкл. САД, Канада, Јапонија, Австралија…) ќе им треба ETIAS за влез во Шенген-зоната (29 земји, вкл. Франција, Италија, Шпанија, Германија).

·       ETIAS важи за краткорочен престој до 90 дена, важност 3 години, цена 20 €; аплицирање исклучиво онлајн: europa.eu/etias

·        Без ETIAS – нема поаѓање! Патниците без оваа дозвола ќе бидат вратени уште на аеродромот.

·       Важно: Агенцијата не презема одговорност доколку патникот не поседува ETIAS.

 

.

 

Цената е дадена во евра и пресметана во денари, по курс 1 евро = 62 денари

Агенда

Детали

Датум на поаѓање

26 July, 2026

Датум на враќање

12 August, 2026

Информации

Пакет аранжмани во МАЈОРКА од СКОПЈЕ


Термин 1: 26.07-03.08.2026(8 ноќи)

Термин 2: 04.08-12.08.2026(8 ноќи)


Пакет аранжман: Авионски билети I  7/8/10 ноќевања во хотел I трансфер I  Претставник  од агенција со пријавени 18 лица

Најдобро од  програмата:

Авионски билети Скопје-Мајорска-Скопје (со трансфер) вклучувајќи аеродромски такси

Сите трансфери

7/8 ноќевања во избраниот хотел според ценовникот

придружник- минимум 18 патници .

 

Патувајте на Мајорка, една од најпознатите туристички дестинации во Европа, позната по своите разновидни пејзажи, културно-историско наследство и гостопримството 

Цена

912.00 € / по особа

icon

Добијте ги последните новости и понуди

Претплатете се на нашиот билтен

Побарај понуда

Одбери особи

Возрасни

12+

1
Деца

2 - 12 години

0
Бебиња

Под 2 години

0

Ви благодариме на барањето за понуда од нас

Нашиот тим го доби вашето барање, ќе ве контактираме наскоро