Состанок на групата пред Холидеј ин во однапред договорено време и поаѓање кон Трикала .
Попатни паузи за царински формалности и освежување.
Во утринските часови, пристигнување во живописниот град Трикала, каде Божиќното село - Водениците на џуџињата, ги отвора своите порти за да го откриете волшебниот свет на Дедо Мраз. Во ова магично село, Дедо Мраз и неговите безброј помагачи чекаат да ви понудат уникатно божиќно искуство. Во внатрешноста на бајковитиот замок на Дедо Мраз ќе го најдете и прекрасниот божиќен пазар, со десетици убаво украсени дрвени куќички, полни со локални вкусови и производи, посебни ароми и уникатни дизајни. Божиќните декорации, забавните паркови и изобилството на разновидни активности ќе го задржат вашето внимание и ќе ве пренесат низ еден магичен и бајковит свет.
По прекрасните доживувања, тргнување кон Македонија во попладневните часови. Пристигнувањето е предвидено во вечерните часови.
Цена на аранжманот:
1.860 мкд за возрасен
1.660 мкд за деца до 12,99 год.
Во цената е вклучено:
Превоз на дадената релација со туристички автобус
Организација и водство на патувањето
За реализација на аранжманот потребно е минимум 40 патника.
Организатор на ова патување е АРБОТРАВЕЛ.
Напомена:
- АРБОТРАВЕЛ го задржува правото да ја корегира цената во согласност со патниците при пријавување на помал број патници, или да го откаже патувањето 3 дена пред реализација на истата